Блерим Река: „Рекет“ ќе се одрази на добивањето датум за ЕУ (ВИДЕО)

Кандидатот за претседател и поранешен амбасадор во ЕУ, Блерим Река, не очекува во октомври земјава да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, зашто по скандалот „Рекет“ земјите членки се далеку поскептични за да дадат позитивно мислење на Самитот на Советот на министри, во Брисел.



„Сметам дека овој скандал само може да го отежни ставот, а згора на се има три земји членки на ЕУ кои се двоумат во октомври да дадат позитивно мислење. Во средината на јуни кога беше одбиен датумот за преговори поминаа три месеци, се откри скандалот „Рекет“. Според разговорите со странските дипломати нема надеж дека тоа може позитивно да се нотира“, вели Река за ТВ.21.