Блерим Река нов министер за надворешни работи на Косово!?

Косовските медиуми пренесуваат дека универзитетскиот професор Блерим Река, кој беше еден од кандидатите за македонски претседател на минатите избори, ќе биде назначен за министер за надворешни работи при формирањето на владата на Албин Курти.



Блерим Река, кој има и косовско дрѓавјанство, е еден од тројцата кандидати за прв човек на косовското МНР во коалициската влада.

Според информациите од агенцијата ИНА, извори од партијата Самоопределување на Курти потврдиле дека се разгледува кандидатурата на Курти, но ништо не е официјално.