Блерим Река: Албанците да не бидат машина за гласање

„Ние не треба да станеме машина за гласање, вие имате моќ да изберете за кој сакате да гласате: за вашиот брат или за вашиот сосед, порача вчера кандидатот за претседател на државата Блерим Река на средба со граѓаните на Арачиново.



„Партиите што се на власт нудат општество за сите, но ние сакаме држава за сите, а денес државата не е за секого“, рече Река и повика да не прифатат понуди кои се штетни за Албанците.

Во средбата со граѓаните на Арачиново присуствуваа и лидерите на Алијансата за Албанците и Беса, двете партиии кои стојат зад кандидатурата на Река.

Лидерот на Беса, Касами рече дека многу е важно во оиве избори да се поддржи албански кандидиат.

„Доста покажувавме дека сме „европејци“ гласајќи ги другите. Време е другите да покажат дека се Европејци и да гласат за кандидиат Албанец“, рече Касами.