Блаже Којчевски: Приказната за вистината и лагата

За Вистината и Лагата



Кога на моите пријатели од СДСМ им велам дека не беше се килаво во времето на ВМРО, имаше и добри проекти а некои од работите за што со право ги критикувавте ВМРО, сега и вие ги правите. Често добивам одговор: “ти си прикриен жморон”.

Кога на моите пријатели од ВМРО им велам дека не е се така црно во времево на СДСМ, дека има и добри проекти, а сега вие како опозиција ги правите истите работи за кои со право ги критикувавте СДСМ кога они беа во опозиција.

Често добивам одговор: ” ти се прикриен комуњар и северџан, никогаш северна само Македонија”

Има еден мит за голата и грда вистина, кој cara soror Pilickova го постираше и од прилика е вака: еден жежок летен ден лагата ја убедила вистината да се разладат во бунарот.

Кришум лагата излегла, ја украла облеката на вистината и избегала. Вистината сватила дека е прелажана, но и дека нема да може да ја крие вечно својата голотија.

Од тогаш, лагата шета по светот облечена во убавата облека на вистината и луѓето со задоволство ја канат и уживаат во нејзиното друштво.

А голата вистина? Па ретко кој дури и ја погледнува во очи, најчесто луѓето ги вртат погледите од грдата слика на голата вистина, чиј лик се повеќе пропаѓа и огрдува после сите овие години шетање гола и боса по светот.

Блаже Којчевски
Хуманитарен работник во системот на ОН