Благодатниот оган слезе во црквата “Воскресение Христово” во Ерусалим – местото каде што според Светото Писмо, бил распнат, погребан и потоа воскреснал Исус Христос.
Православните христијани веруваат дека палењето на Светиот оган сеслучува на натприроден начин.
Оганот, според кажувања на сведоците не зрачи топлина.
Огнот денеска ќе биде пренесен на различни точки на светот, за да можат илјадници православни верници да го допрат до светото чудо.





