На стотина метри од амбасадата на САД и на еден километар од седиштето на владата во центарот на Скопје наводно непознати сторители и градители на земјиште во сопственост на Република Македонија продолжуваат да градат иако институциите забранија да се гради по низа основи.
Иако премиерот Ковачевски, министерот Спасовски и градоначалникот на општина Центар Герасимовски од полициските патроли кои се движат по улицата позната како ,,Пластичарска” се информирани дека се гради власта молчи.
Предходно во два наврати беше запрено уривањето на дивоградбата која вреди над 6 милиони евра.
Спасовски во последен момент ги повлече специјалците кои требало да асистираат при уривањето.
Со обичен распит на работниците Спасовски и Герасимовски можат да ги најдат инвеститорите кои засега официјално се непознати иако за нив неофицијално се знае дека се блиски на власта.
Ако Спасовски сака веднаш може да ги фати криминалците од дивоградбата на ,,Пластичарска” (ФОТО)






