По владината дозвола за отворање на бугарски универзитет во Македонија амбасадорот и екс вицепремиер за интеграции Ивица Боцевски со јавна порака:
Му честитам на мојот професор Владо Бучковски што во пресрет на празникот Свети Кирил и Методиј, ден на сесловенските просветители и учители, успеа да издејствува македонскиот универзитет “Гоце Делчев” од Штип да отвори свој кампус во Благоевград, некогашна Горна Џумаја.
Оваа иницијатива, заедно со најавеното отварање на кампусот на бугарскиот Универзитет од Велико Трново во Македонија, ќе придонесе кон подобро запознавање помеѓу македонскиот и бугарскиот народ.
Во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и во знак на заедничката европска иднина на двата народи, великотрновскиот универзитет ќе отвори катедра за македонски јазик и македонска историја, (бугарскиот јазик веќе се изучува на штипскиот универзитет)
Што ќе речат сега злобните шовинисти во Скопје и во Софија кои што шират грозен јазик на омраза, зборувајќи за “Татари” и за “две червени” или, пак, зборуваат дека Македонците се изум на Тито и Коминтерната, го негираат македонскиот јазик и цртаат карти на големи држави.
Вака, со паралелно и реципрочно отварање на универзитети во двете држави, се затвараат устите на сите во Скопје кои што мислат дека едностраното отварање на бугарски универзитет во Македонија е чекор понатаму кон целосно бугаризација на Македонците.
Да живее братството помеѓу македонскиот 🇲🇰 и бугарскиот 🇧🇬 народ и да ни се вечни Македонија 🇲🇰 и Бугарија 🇧🇬, идни меѓусебни најголеми поддржувачи и најтесни соработници во европското 🇪🇺 семејство.
Ниту владата ниту специјалниот преговарач со Бугарија Бучковски се уште не откриваат кога е договорено и за кога е закажано отворањето на македонски универзитет во Горна Џумаја.
Му честитам на мојот професор Владо Бучковски што во пресрет на празникот Свети Кирил и Методиј, ден на сесловенските просветители и учители, успеа да издејствува македонскиот универзитет "Гоце Делчев" од Штип да отвори свој кампус во Благоевград, некогашна Горна Џумаја.
🧵/1
— Ivica Bocevski 🇲🇰 (@IvicaBocevski) May 20, 2021
Дел од коментарите на социјалните мрежи укажуваат дека се работи за шега на Боцевски но авторот се уште не објаснува што е целта на постот.





