Мал пад на оновните прехранбени продукти, ама во помалите градови, во Скопје останува скапо

Граѓаните на Штип, Битола, Куманово јадат поефтин леб, кашкавал и сирење за разлика од Скопјани. Само еден производител испорачува пониски месни производи за 7 до 8 проценти. Незначителни 4 денари поевтин зејтин на рафтовите и постојана цена на месото. Владата откако обезбеди 80 евра за мегават час, и најави поефтинување од 10 проценти на цените, државниот пазарен инспекторат е на терен, но без радосни вести за владата и граѓаните.



– Она што е констатација согласно утврдените цени и споредено со цени од последна набавка или до 1 ви декември е дека има благ тренд на намалување претежно во градови од внатрешноста на државата , на лебот за 3 до 5 денари по парче , на млеко за 2 до 9 денари во различни маркети и од различни производители, на сувомеснати производи од еден домашен производител од 7 до 8 %, на кашкавал и сирење исто во толкав процент, на масло за јадење кој е во постојан тренд на опаѓање сега за 4 денари. Во Скопје има сосем мало забележано намалување на млеко за 2 денари и пуштен нов тип на леб по 32 денари додека не е забележано намалување на цените на големите производители на леб, брифираат од државниот инспекторат.

И од пекарско-мелничарската индустрија велат дека има минимално снижување на цените. Најголемо во оваа иднустрија, но сеуште е далку од предвидените и најавени 10 отсто. Дел од пекарите сеуште се префрлаат на ЕСМ снабдување за да добијат субвенцинирана електрична енергија. Месната индустрија сеуште каска во намалувањето на цените. Овој сектор беше најгласен и реагираше дека цената на струјата не може да ги намали производите и свежото месо за 10 отсто, бидејќи добитокот се храни со скапи домашни и увозни житарици. Сите иднустрии кои добија повластена цена на струјата од владата реагират дека и санкциите кон Русија влијаат на цената, со оглед дека голем дел од житариците доѓаат оттаму. И државниот пазарен инспекторат на терен се соочува со изјавите на производителите дека увозните репроматеријали влијаат на цените, но затоа трговците не куртулиле од казни.

– Голем дел од малите пекари не користат електрична енергија за производство па немаат намалување од тие причини – ова се нивни искази. Извршени се 100 тина надзори и издадени 20 прекршочни платни налози за прекршоци кои се направени согласно Законот за трговија . Она што е од наша надлежност е одлуката за висина на маржи се почитува и сите се во исчекување да има намалување на набавната вредност и со новите набавки по трошење на залихите да извршат усогласување. Ние ќе продолжиме и понатаму со нашите надзори, се наведува во ивестувањето на ДПИ.

Владата обезбеди 80 евра за мегават час за прехрамбената индустрија, и најави очекувани 10 проценти намалување на цените на основните прехрамбени продукти до крајот на годината. Се поверојатни се очекувањата дека нови и поповолни цени граѓаните ќе видат на почетокот од наредната.