Лингвистот Трајче Бјадов со коментар за тезите на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, по дебатата на МТВ 1.
Бјадов наоѓа неколку нелогичности во неговите одговори:
Грешки во логиката:
1. Законот од 2008 (2011) веќе го дозволувал истото она што е во новиот ЗУЈ. (Тогаш, каква била потребата да се носи нов Закон, ако веќе ги имале правата што новиот Закон ги овозможува?!?!)
2. Истиот ЗУЈ што тие го донесле, некој веќе го прифатил и се согласил да го донесе. (Каков доказ е тоа дека станува збор за добар закон? Тогаш, зошто ако бил прифатен пред формирањето Влада, тој што прифатил не е, сѐ уште, на власт?)
3. ,,Договорите” со Бугарија и Грција не му одземале ништо на нашиот идентитет. (Да, му додаваат нешто што не е. Но, ако не барале ништо вредно од кое што лесно сме можеле да се откажеме, како тоа некому токму тоа му било важно да го добие?! Веројатно станува збор за многу глупави соседи, а ние сме толку мудри и итри што без да се свесни и без да знаат сме ги зафркнале и сега тие однатре се јадат оти останале со кратки ракави…)




