Полициските билтени се полни со вести за уапсени дилери на дрога, при што најчесто се спомнуваат марихуана и „бела прашкасата материја“, што е официјалното име за кокаинот, но се спомнуваат и таблети екстази, пари, и оружје.
Така, на 14 октомври во 00.25 часот, во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишиле од слобода 20 и 24 годишнo лицe, двајцата од тој град.
Полицијата вчера лишила од слобода и двајца скопјани откако претходно кај нив била пронајдена прашкаста материја.
– На 13.10.2023 во 14.00 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(46) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. На 13.10.2023 во 15.25 часот на подрачје на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Ш.(48) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја – соопштува МВР.
Линк до целиот текст.







