МСудија за извршување санкции при Основниот кривичен суд во Скопје, надлежен да
постапува по предметот на СЈО „Труст“, изготвил и доставил упатен акт за Бизнисменот Сеад Кочан кој со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор од четири години и 8 месеци, на 17 јули ќе треба да се јави на издржување на казната.
„Според упатниот акт, а согласно член 137 и 139 ст.3 од Законот за извршување санкции, осудениот е должен на 17.07.2019 да се јави на издржување на казната затвор во наведената казнено поправна установа“, соопштија од Кривичниот суд.
На уште еден обвинет во предметот „Труст, Василије Авировиќ, скопска Апелација му изрече условна осуда – казна затвор во траење од 2 години која нема да се изврши доколку обвинетиот за време од 5 години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Сеад Кочан претходно со првостепената пресуда беше осуден на 6 години затвор, а Авировиќ на 3 години затвор.





