Бизнисмен добитник на пари од владата: Хомосексуалци 2/3 од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, Албанците “Шиптари”

Бизнисменот Ванчо Ордановски кој доби 350 илјади евра за контроверзен проект од владиниот фонд за иновации контролиран од СДСМ пишува дека 66 % од врвот на ВМРО-ДПМНЕ се хомосексуалци.



Опишувајќи ги Албанците во твитот Ордановски ги нарекува Шиптари.

Ванчо кој е брат на новинарот Сашо Ордановски кој работеше во телевизијата на Боки 13 1ТВ на Твитер објавува тврдење кое може да се дефинира како говор на омраза, стигматизација или клевета а за кое не дава никакви аргументи.

“Како да им објаснам на децата дека “партијата на семејни вредности” – ВМРО ДПМНЕ:
– Сака да беси и коле Шиптари
– Ветува ноќи на ножови
– Направи пуч и се обиде да убие пратеници
– Прави листи за отстрел
– Тепаше млади по библиотеки
– 2/3 од раководството им се геј
…”, пишува Ордановски.