Бизнисмен има решение за уставот, да не дојде Македонецот да бира меѓу пушка и карта во еден правец

Бизнисменот Венко Глигоров кој е сопственик на успешната фирмА Логин Системи анализира дека преговарачката рамка не може одново да се преговара но дека има решение за проблемот.



Глигоров вели дека американската амбасадорка Ангела Агелер е во право кога вели дека не може пак да се преговара за рамката за преговори со ЕУ но таа може да биде отфрлена.

,,Точно е. Преговарачката рамка не може да се репреговара. Во право се дипломатите и американската амбасадорка. Но …

Преговарачката рамка може да се отфрли како неспроведлива. За тоа може да се наведат повеќе причини:

🔹 Асиметричност во однос на правата и обврските меѓу Македонија и Бугарија и со тоа целиот процес го прави нестабилен и на штета на Македонија
🔹 Немање двотретинско мнозинство во Собранието за да се изгласа внесување на Бугари во Устав
🔹 Владата нема мандат/овластување за спроведување на рамката бидејќи на изборите уверуваше дека нема да има промени во уставот, а анкетите покажуваат дека поголемиот процент од Македонците се против преговарачката рамка
🔹 Се наоѓаме речиси во предизборие”, вели Глигоров според кого на сите им е јасно Дека оваа Влада е во распад.

,,Нема мандат а уште помалку и капацитет да спроведува било што од преговарачката рамка. Си влага било кој во државава и си прави што сака. Постојат делови во државата кои не се под контрола на официјалниот државен апарат. Не се почитуваат обележјата на Македонија и не се санкционираат прекршителите, а се покажува (државна) сила само на мнозинскиот дел од граѓаните. Само на Македонците. Каде така без рамноправност пред законите”, прашува бизнисменот според кого на сите им е познато каков беше развојот на настаните после правењето на првиот устав, а без поддршка од само една партија во тоа време.

,,Резултатот го видовме една деценија подоцна. Сега повеќе од една третина не поддржува промена на устав, а неофицијално речиси една половина од собранието не поддржува промена (ако нема притисоци и уцени).

Не сакам ни да помислам што се’ може да се случи отпосле ако насилно се проба да се менува Уставот на Македонија. Огромното незадоволство нема да може да се канализира или задуши. Македонецот нема да има многу избор освен да се иссели или да фати пушка во рака. Ваквите сценарија може да се спречат само со отфрлање на преговарачката рамка. Дали ќе биде тоа со официјален документ или со оставка на оваа влада, до толку мислам дека има доволно писмени во владејачкото мнозинство”, заклучува Глигоров.