Бизарно „видение“ на Мехази: Српски терористи ќе нападнат и во Куманово, Македонците ќе ги поддржат, а Албанците ќе се борат со сите нив!

„Видовитиот“ „политички аналитичар“ Сулејман Мехази од Тетово во изјава за влијателниот весник „Бота сот“ од Приштина во врска со неодамнешниот напад во Косово вели дека „таков напад може да се случи и во * Македонија, во Куманово“. Неговото „пророштво“ весникот го објавува под наслов „По Бањска на северот на Косово српски терористи ќе ја нападнат и Р*М во Куманово“.



„Бота сот“ пишува: Мехази ова го поврзува со македонската партија ВМРО ДПМНЕ, за која вели дека ако не гласа за уставните амандмани за внесување на Бугарите во Уставот на * Македонија, тогаш тогаш тоа ќе значи дека партијата на Мицковски е против ЕУ, а е со Србија и Русија.

Можеби опозициската ВМРО ДПМНЕ е во тајна коалиција со претседателот на Србија Александар Вучиќ, за да ја дестабилизира * Македонија преку српски терористи во Куманово: треба да се има предвид дека 80 проценти од Македонците се со јазикот, со срцето и со душата се со Србија. Откако ќе нападнат српски терористи и во Куманово нема да се борат Македонците со Србите, туку Албанците со Македонците: Албанците од * Македонија ќе бидат против српските терористи во Куманово, додека Македонците ќе бидат на страна на српските терористи.“ – кажал Сулејман Мехази во своето бизарно „политичко видение“.