Документ кој го објавува екс министерката за правда Рената Дескоска покажува дека основачите на клубот ,,Иван Михајлов” во Битола не добиле согласност од министерството за правда за користење на името на фашистичкиот соработник за својата организација.
Клубот иако не добил согласнот од Правда сепак добил регистрација од Централниот регистер во процедура која допрва ќе се испитува.
Според законските прописи во Макеоднија ако во процесот на регистрација е направена намерна или ненамерна грешка (на пример лажна изјава или документ) тогаш може да се поништи целата процедура и повторно да се решава за регистрација на правното лице.
Доколку Централниот регистер направил грешка македонската влада има обврска да ја поништи регистрацијата на клубот кој го носи името на фашистичкиот соработник.
,,Овие неколку денови слушаме остри реакции околу името на културниот центар Иван Михајлов. Јавноста со право реагира. Се постави и прашањето околу тоа кој државен орган дозволил да се регистрира здружение под тоа име. Надлежен за регистрирање на здруженијата е Централен регистар.
Доколку во името на здружението е внесено име и презиме на историска и друга позната личност, се бара нејзина согласност, ако е почината – согласност од нејзини сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.
Во 2019 година кога е регистрирано ова здружение, побарано е одобрение од Министерството за правда. Министерството тогаш НЕ ДАЛО одобрение за употреба на името Иван Михајлов. Министерството за правда го известило и подносителот на барањето дека не може да даде согласност за употреба на името Иван Михајлов.
Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека немате согласност од надлежниот орган!
Овој случај покажува дека треба веднаш да почне постапка за носење измени на законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите, јасни критериуми кои имиња би биле забранети за употреба и да се предвиди компетентна комисија која ќе оцени дали одредено лице е историска личност и да дава предлог за одобрување или не одобрување на употреба неговото име”, пишува екс министерката Рената Дескоска во објаснувањето за случајот.





