Битолчанка (33) е обвинета дека не почитувала полициски час и во алкохолизирана состојба лежела на улица Прилепска во Битола, соопштија од Основното јавно обвинителство.
Таа била затекната од полициските контроли половина час по полноќ.
Обвинителството поради ова побара од судот да изрече казна од 2.000 евра.
Мерката за забрана на движењето во државава, во текот на изминатото деноноќие не ја почитувале 107 лица, од кои 35 се приведени, а 47 се опоменати.
За останатите кои не ја почитувале забраната се направени записници кои се доставени до обвинителството.




