Против М.Д. (24) и Ѓ.Д. (19), двајцата од Битола, полицијата поднесе кривична пријава до ОЈО Прилеп, за сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“.



Во пријавата од полицијата, пишува дека  двете лица организирано присуствувале на прославата на Мечкин Камен како дел од  група составена од навивачи од повеќе навивачки групи.

Провопријавениот М.Д., второпријавениот Ѓ.Д. и други лица, стоејќи во непосредна близина до ВИП ложата за веме на положувањето цвеќе од страна на делегациите,  скандирале навредливи пораки со што сториле кривично дело „предизвикување омраза, раздор, или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“, пишува во пријавата од МВР што е дело казниво по член 319 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија, дознава Нова ТВ.