Желбата на Битолчани стара 40 години да добијат парно греење благодарение од топлата вода во РЕК „Битола“ би можела да се оствари во 2025-та година.



За една година цевките кои ќе пренесуваат топлинска енергија од РЕК стигнаа до Битола, изјави директорот на ДООЕЛ „Топловод“ Горан Козаров за СДК.

Ова е прва од трите фази за изградба на топловодот, во која се поставуваат главните цевки. Втората фаза ќе подразбира изградба на градската мрежа и разводните шахти, а потоа ќе се гради и кулата за дотоплување на водата.

„Во 2025  треба да бидат приклучени 37 објекти од градот и граѓаните да го почувствуваат бенефитот од топлификацијата… Предвидени за приклучување се државни институции, судови, полиција, училишта, градинки, болницата, одредени загадувачи и објекти кои прават трансмисија на огромни количества на гасови и загревањето на тие институции чини многу пари. Бенефитот ќе го почуствуваат  прво тие, а потоа е предвидено мрежата да се разгранува низ градот, да се пројави интерес за колективните затоплувања каде има постоечки котлари“, рече Козаров.