Битката со короната ја изгубија 33 лица, 1.422 новозаразени

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.277 тестирања, а регистрирани се 1.422 нови случаи на КОВИД-19.



Пријавени се вкупно 33 починати лица: 12 пациенти од Скопје (83г,82г,81г,75г,74г,72г,70г,70г,69г,62г,43г,38г), по 3 пациенти од Тетово (69г,60г,41г) и Кавадарци (78г,77г,71г), по 2 пациенти од Битола (83г,65г), Прилеп (73г,68г) и Ресен (75г,66г) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (62г), Гостивар (57г), Охрид (64г), Струмица (72г), Струга (76г), Крива Паланка (85г), Валандово (79г), Крушево (53г) и Кратово (76г).

Регистрирани се 457 оздравени пациенти, соопшти министерот Венко Филипче на фејсбук.

Бројот на активни случаи се изкачи на 17.472, а вкупно регистрирани се 124.910 случаи на ковид-19 во Македонија.