Откако наспроти предвидувањата на Вашингтон за само неколку дена талибанските сили освоија два големи града во Авганистан а веќе влегоа и во Кабул станува опасно за илјадници соработници на САД во земјата на кои им се заканува реваншизам од силите кои ќе воведат исламски шеријат.
Експертите кои ги цитира Ројтерс проценуваат дека вкупниот број на евакуирани лица кои треба да бидат префрлени на безбедно со САД или други земји преку програмата SIV е помеѓу 50.000 и 80.000 ако се вклучени и членовите на семејството.
Џејмс Мервалдис, претседател на одборот на “Не оставаме никого зад нас”, организација која им помага на апликантите на СИВ да стигнат во Соединетите држави, вели дека сега се чини дека има мали шанси повеќето апликанти за СИВ да бидат евакуирани.
„Математиката и временската рамка едноставно не се совпаѓаат … Тие луѓе нема да можат да си заминат“, рече Миервалдис, подофицер на армиските резерви, кој служел во Ирак и Авганистан.
Прашањето внимателно го следат и пратениците во Конгресот, вклучително и сојузниците на Бајден.
“Мораме да ги исполниме нашите ветувања до илјадниците Авганистанци кои ги ризикуваа своите животи за да ни помогнат. Време е Бајден (администрацијата) да ја намали бирократијата и да го заврши ова”, вели демократската конгресменка Сара Џејкобс која очекува спас од талибанскиот режим за луѓето кои две децении работеа како соработници на американската армија во Авганистан.
Шанса да заминат на безбедно, иако минимална, засега има за тие што се во Кабул но за тие што се надвор од главниот град речиси е невозможно да се спасат од одмаздата на талибанските сили.
САД во меѓувреме преговара со повеќе земји за трансфер на овие луѓе, меѓу нив се Косово и Албанија.
Македонија засега официјално не се споменува како дестинација каде би можеле да бидат евакуирани американски соработници од Авганистан.






