Битка за корумпирани обвинители во европскиот ќумез Македонија

Тешка, рововска битка деновиве се бие за клучните јавнообвинителски позиции во Македонија, пишува Бранко Героски во својата анализа на последните случувања во јавнообвинителскиот сектор.



“Според моите информации, во битката сė поактивно учествува и меѓународниот фактор. Како што и личи и приличи за еден европски ќумез, во што ја претворивме оваа наша јадна државичка…

Исходот на оваа битка ќе покаже дали најмоќните луѓе од извршната власт на хибридниот режим ќе ги сочуваат линиите на влијание во најважните обвинителства. Ако ги сочуваат, тоа ќе значи дека зимата ни е назад и дека пресудната битка за владеење на правото и ќе мора да се одложи барем до следните парламентарни избори. Можеби и на подолг рок. Бидејќи, треба да е јасно дека маговите на политичката корупција ќе се борат до последниот корумпиран обвинител.

Во секој случај, неизвесноста е голема, а нервозата се чувствува и се истура буквално секој ден. Има и колатерални штети.

Тоа што Фатиме Фетаи, на пример, некогашната ѕвезда на Специјалното јавно обвинителство, веќе не е во Обвинителството за организиран криминал и корупција, со кое раководи Вилма Русковска, според познавачите на приликите, не е колатерална штета, туку добра вест”, пишува Героски во дел од својата анализа.

Целата анализа на плусинфо.мк