Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, оценува дека зголемената минимална плата за 1,7 отсто (240 денари) во период на криза е историски момент.
„Ние во период на криза, а сметам дека тоа сите го признаваме, направивме исчекор, а тоа е зголемување на минималната плата од 1,7% и тоа е за поздравување, затоа што податоците укажуваат дека треба да се усогласи и минималната плата со критериумите, но искрено мораме еднаш засекогаш да сфатиме во нашата држава дека владеењето на правото почнува од нас самите“, посочи Битиќи.







