Цената на струјата ќе се субвенционира заклучно со 30 јуни, а за периодот потоа, вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, индиректно ги повика граѓаните да гласаат за актуелната владејачка гарнитура.
„Има одлука за субвенционирање на електрична енергија до 30-ти јуни оваа година, а секако следната влада која ќе биде предводена од Социјалдемократскиот сојуз е спремна да направи одлуки во корист на граѓаните, а таква е и за субвенционирање на струјата.
Ако дојде друга Влада, тогаш прашајте ги нив“, рече Битиќи, вицепремиер за економски прашања
Според владата, таа сега субвенционира 84% од износот на сметките на граѓаните, но факт е дека реално тоа се пари од буџетот кој го полнат граѓаните и фирмите..
Лани Бислимовски во интервју за Сител рече дека треба да се оди со концепт – кое домаќинство има најмал приход, тоа да добие субвенции и помош од државата бидејќи има домаќинства на кои не им треба никаква помош.





