Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, преку Фејсбук статус порача дека ВМРО – ДПМНЕ ја ризикувале иднината на Македонија
„Не е време да се молчи, затоа што лагите во моментов се шират гласно, напиша Битиќи.
Тој пишува дека знаел и Христијан Мицковски и цело ВМРО – ДПМНЕ дека Македонија и сите нејзини граѓани биле на патот кон ЕУ и од тој пат назад не требало и немало да има.
„Тие впрочем не ни нудат друга опција, само прават политички пазар со нашата иднина. Тоа граѓаните го гледаат и на избори верувам дека ќе го казнат“, пишува Битиќи.
Уставните измени се влезени во Собрание и назад нема.
-Уставните измени се влезени во Собрание, уставната комисијата го поддржа предлогот за пристапување кон измени и враќање назад нема. Враќањето назад е пат назад од веќе трасираниот пат кон ЕУ, пат кој последниве 30 години е стратешка определба, на сите“вели Битиќи.
Според него морало да има лична одговорност , сите требало да знаат кој ќе гласа за иднината, а кој го изневерил народот.






