Битиќи „убедува дека ќе има осуммина да гласаат за промена на Уставот, пред или по изборите, како што бара времето“! – Но, кај ќе ги најде?!

„Уставот ќе се менува!“ кажа Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања и потпретседател на СДСМ, со голема убеденост дека тоа и навистина ќе се случи. Оваа изјава ја даде во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, што се емитуваше вечерва, на 9 октомври 2023.



Запрашан „кога и како“ Битиќи одговори: „Пред, или по изборите.“

На критичката забелешка дека „Владата и парламентарното мнозинство зборуваат цела една година веќе дека ова ќе се стори“ и оти „добиле ваму 5 пратеници, таму 6 пратеници“, Битиќи кажа: „Одлуката да се крене раката во Парламентот е индивидуална, тоа е индивидуална одговорност. Убеден сум дека ќе има 8 мажи и жени внатре во Собранието, кои не се дел од сегашното парламентарно мнозинство, што ќе гласаат како што бара времето.Сигурен сум. Губат тие што го прават спротивното.“