Битиќи се правда дека ни тој не носел брендирана облека, туку од „чичко Борче“ (ВИДЕО)

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи проба да се претстави како обичен смртник среде ценовното цунами што ја заплисна Македонија со зголемувањето на данокот за додадена вредност за едно чудо производи што Владата чиј член е тој ги прогласи за луксузни.



„Не носам бренд, носам од чичко Борче сако и костум, чичко Борче наш, човек кој се труди за да си го извади лебот од неговите златни раце. Носам чевли од ‘Баргала’ и чорапи од една од штипските фабрики“, се правдаше Битиќи на дебатата организирана од Платформата против сиромаштија, кој алармира дека над половина милион македонски граѓани живеат во беда, со помалку од 200 денари дневно.

„Жалопојката“ на Битиќи е околу 14. минута од почетокот на видеото:

https://www.facebook.com/sitelmk/videos/2567095570116618/?mibextid=YxdKMJ