Битиќи се „мести“ за премиер-Албанец: Ќе го има во последните 100 дена, со договорот СДСМ-ДУИ! – Ќе прифатам да бидам, ако ме предложат!

„Прв-премиер Албанец останува дел од договорот меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУИ.“  – ова во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 го истакна вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи.



ТВ 21 пишува: „Тоа може да се поништи само со нов договор меѓу двајцата лидери на двете партии, кои го направија овој договор. Подадената рака за договор останува подадена рака и останува дека во последните 100 дена ќе има премиер-Албанец.“ – вели Битиќи.

Тој навестува дека договор не е кандидатот да биде само од редовите на партијата на Али Ахмети. Не ја исклучува можноста и тој да биде првиот премиер-Албанец, додавајќи дека би ја прифатил задачата, ако биде предложен за тоа.

Целата емисија со настапот на Фатмир Битиќи ТВ 21 ќе ја емитува вечерва, на 9 октомври 2023 во 21:30.