Битиќи потврди дека Заев лаже, велат од ВМРО-ДПМНЕ



Вицепремиерот Фатмир Битиќи потврди дека Зоран Заев лаже, реагира ВМРО – ДПМНЕ по прес конференцијата на министерот Фатмир Битиќи на која рече дека наместо милијарда евра, до граѓаните како помош за справување со ковид кризата како државна помош стигнале само 350 милиони евра.



Премиерот Зоран Заев, велат од опозициската партија тврдеше дека 1 милијарда и 150 милиони евра завршиле како поддршка за справување со кризата.

Каде завршија 800 милиони евра за кои зборуваше влада до пред некое време? праашуваат од Вентарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Канал 5