Битиќи: Поскапување на струјата би ги опфатило само поимотните граѓани

Граѓаните не требало да се грижат за евентуално поскапување на струјата, оти тоа ќе се однесувало само на „најимотните граѓани “.
-Најголемиот број на корисници на електрична енергија не треба да бидат загрижени за цената на струјата. Имено, тие што се во тарифата 1 и 2 се некаде од прилика 97,8% од корисниците, повторувам дека само во блок тарифата 3 и 4 треба да има интервенции, но само кај оние кои трошат повеќе. Тие влегуваат во граѓаните кои се и поимотни, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи за Трилинг.
Треба да се намалат субвенциите, но не кон граѓаните туку кон ЕСМ. Битиќи вели дека на крајот граѓаните нема да плаќаат повеќе.



Евентуалното менување нема да падне кај граѓаните, тоа ќе биде наменето за оние кои имаат повеќе за да биде поправедно креирањето на пазарната цена, вели Битиќи.

Извор : https://triling.mk/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%b8%d1%9c%d0%b8-%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%b1%d0%b0-%d0%b4%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%bc%d0%b8%d1%81%d0%bb%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%bd/