Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи вели дека недела ќе биде неработен ден, а оние што ќе работат во недела ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден.



Пред крај е конечното законско решение и исклучок ќе бидат 34 дејности кои ќе работат и во недела, рече Битиќи во гостување на Сител.

” Веќе сме пред крајното решение. Имаме уште мали нијанси и сметам дека следната недела ќе ги прецизираме. Ќе има исклучоци – 34 дејности и дејностите кои се поврзани со основните дејности”, рече Битиќи.

Radio Slobodna Evropa