Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во синоќешното гостување на телевизија Телма изјави дека се подготвува покачување на пензиите „какво што не било досега“.
„Сега, со усогласувањето, сите пензионери добиваат зголемени пензии за речиси три проценти. Се прават последните калкулации и очекуваме зголемување на пензиите во скоро време. Не можам да лицитирам со бројки.
Не сакам да играм со методологијата, но покачувањето на пензиите ќе биде какво што не било досега. Со тоа ќе покажеме дека имаме стабилен пензински фонд и дека се грижиме за оваа категорија граѓани. Остануваме на ставот дека пензиите мора да се зголемат. Сѐ додека правиме анализи, не можам да зборувам за бројки, но ќе биде поинаку од претходно.“- изјави Битиќи.







