Битиќи: Инфлацијата се намалува, економските политики даваат резултати – Дали навистина во пракса е така?!

Вицепремиерoт задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, на фејсбук направи анализа на економската состојба во земјава. Колку тоа навистина во пракса ја покажува реалната економска состојба, останува неизвесно.



Економските политики за зачувување на животниот стандард на граѓаните покажуваат резултати. Официјалните податоци од државниот завод за статистика ги потврдуваат нашите заложби и прeземени чекори за намалување на инфлацијата и зголемувањето на платите во нашиот мандат. Инфлацијата за месец мај 2023 е на ниво од 11,3% споредено со истиот месец од 2022 година, но трендот на намалување на инфлацијата е очигледен, од 19,8% во октомври 2022 година на 11,3 % за претходниот месец“, пишува Битиќи.

А од друга страна го имаме растот на платите кој за првите три месеци се движи во интервалот од 12,4% до 13,2% повисока просечна плата споредено со истиот период од 2022, напиша тој.