„Јас знам дека има договор помеѓу СДСМ и ДУИ за последните 100 дена да биде Албанец премиер. Јас не се преоптоварувам со тоа решение. Јас сум навикнат и научен во мојот живот да работам до последниот момент.
Ако приликите дојдат да се бара од мене да служам на народот во функцијата премиер велам: ДА – истакна потпретседателот на СДСМ и вицепремиер Фатмир Битиќи во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
На прашањето дали би прифатил да биде консензуален кандидат за претседател на државата, Битиќи со став дека ако се зборува за консензуален кандидат независно на етничкото потекло и тој е најдобриот за тоа, радо би прифатил.
Но, како што потенцираше, ако консензуалниот кандидат е само „за да биде Албанец“, нема да прифати.






