Градоначалникот на Чаир и кандидатот на ДУИ за следните 4 години Висар Ганиу, денеска го пушти во употреба паркингот над Бит пазар со капацитет од 220 паркинг места.
Ганиу, како што пренесува ТВ21, рече дека овој голем проект ги демантира сите оние кои велат дека Чаир не го решил проблемот со паркирањето.
„На Бит пазар, по реновирањето и модернизацијата, му се додаваат 220 паркинг места. Во Чаир до денес создадовме вкупно 1.450 паркинг места.
Ова е нов момент, добра вест и објавување на нашата желба и амбиција да продолжиме да отвораме многу нови паркинзи кои се дел од нашиот план“, рече Ганиу.







