Евентуалното зголемување на акцизите за нафтените деривати нема да предизвика инфлација или каква било ценовна спирала, смета првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Билимовски.



Во неделното интервју за Радио Слободна Европа тој објаснува дека Комисијата ја поддржала иницијативата акцизата за екстра лесно гориво да се изедначи со акцизата за дизелот, бидејќи се реални злоупотребите во однос на екстра лесното гориво или популарно наречената црвена нафта, што пак создава дупки во буџетот поради разликата од 9 денари во самата акциза.

Во последните два три месеци за 20 денари се намали цената на годивата и многу веројатно е дека и поради тоа се намалуваат приходите по основ на ддв кои биле планирани од државата, вели Бислимовски.

Бислимовски вели дека зголемувањето на акцизите не би требало да предизвикало ценовен удар врз џебот на граѓаните.