Бислимовски ветува евтина денска тарифа на струја – од јули

Како што Досегашните анализи покажуваат дека има можности од јули да се врати евтината денска тарифа поради падот на цената на струјата на светската берза, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски



„До почетокот на јуни треба да бидат направени сите анализи за враќање на евтината тарифа. Цените на светската берза бележат значителен пад и тоа овозможува повторно да се воведе евтина струја два часа преку ден“, вели Марко Бислимоски претседател на РКЕ, пренесува СакамДаКажам.

Владата ја укина евтината дневна тарифа на 1 јануари 2022 година, кога имаше зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто. Ако останеше евтината тарифа граѓаните ќе требаше да плаќаат поскапа струја за 14,23 отсто.