„Апелираме до оние потрошувачи коишто ги задржаа своите редовни примања, да си ги подмируваат своите сметки, за електрична и топлинска енергија, како и водни услуги, бидејќи ако не ги подмират редовно ќе имаме сериозен проблем со ликвидноста. Тоа е еден маѓепсан круг, ако ЕВН не собира пари, ќе имаат проблем за работа МЕПСО и ЕСМ и ќе имаме проблеми со сите водни претпријатија. Оваа мрежа ќе треба да продолжи да им служи на граѓаните и по завршувањето на оваа вонредна состојба, порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.
Тој ги пофали пензионерите, според негови зброви, веднаш по добивањето на пензијата, која беше дадена малку порано, почнаа да ги плаќаат своите сметки.





