Бислимовски: Струјата ќе поскапи повеќе од 10 проценти

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, претпладнево во „Студио 10“, рече дека зголемувањето на цената на електрична енергија за 2022 за домаќинствата и малите потрошувачи ќе биде поголема од 10 отсто, наспроти тврдењата на министерот за економија Крешник Бектеши дека нема да биде поголема од тој процент.



„Министерот кажа под 10, други кажуваа 70, некои викаа 30 проценти. Никој од нив на крајот од денот нема да ја понесе одговорноста, туку Регулаторната комисија за енергетика“, рече Марко Бислимовски.

Првиот регулатор откри дека систем операторот за пренос МЕПСО побарал уште поголемо зголемување на трошоците во однос на првичното барање.

Наместо 60 проценти зголемување, како што беше првично побарано, сега тоа е 83 отсто…