Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски вели дека било многу комплицирано поради тпа како функционира нашиот Закон за јавни набавки, државата сами да ја градиме  когенеративната централа во Гази Баба која е „таксана“ на грчката Митилинеос, и која од државата ќе добие 50 милиони евра, а нема да има никаков удел во централата.



„ Ако една проектирана вредност на една инвестиција почне да ја прави ЕСМ, пред се ЕСМ работи по Закон за јавни набавки.

Само да нема корупција, да нема мито, да нема ништо, само заради начинот на кој што ни функционира нашиот Закон за јавни набавки, ние ќе имаме сериозен проблем да го имплементираме.

Втора работа, од која што се плашам, и на сите ние јасно го гледаме, е корупцијата.

Јас тврдам дека приватниот инвеститор, било кој, за било што, многу повеќе води сметка за своите пари, отколку што е државата“, вели Бислимовски.ФОКУС