Бислимовски: Можно е враќање на дневната евтина на струја, но…

Граѓаните се’ почесто бараат да се врати дневната евтина струја, како што беше претходно, од 14-16 часот. 



Вишок струја – нови главоболки

Првиот човек на Регулаторна комисија Марко Бислимоски, не ја отфрла таквата можност:

„Можно е враќање на дневната евтина струја, но за тоа ќе треба да почекаме да заврши оваа грејна сезона.

Прво да видиме како ќе заврши оваа грејна сезона, да го видиме производството на ЕСМ, да видиме како оди набавката на електричната енергија, па понатаму ќе размислуваме за сите можни опции кои ги имаме“, рече тој.