Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, објави дека моменталниот долг на општините, јавните претпријатија и државните институции кон ЕВН Хоме изнесува околу 23 милиони евра.
Ова се должи на намалување на динамиката на наплата со почетокот на енергетската криза поради што е намалена ликвидноста во работењето на универзалниот снабдувач на електрична енергија.
– Известени сме од ЕВН Хоме дека имаат проблеми со наплата кај јавните комунални претпријатија во општините кои останале кај снабдувачот во краен случај. Доколку набавеле на слободниот пазар ќе имале помали трошоци. Нема редовно плаќање од општините и има заостанати долгови кај домашните државни институции. Владата минатата недела ги задолжи сите што се под нејзина ингеренција во најкус рок да ги подмират, но и упати препорака до општините и јавни претпоријатија, се со цел да се подобри ликвидноста на ВЕН Хоме, изјави Бислимовски во емисијата „Студио 10′ на ТВ24.
ЕВН шест мeсеци нема да ги плаќа сметките кон државната ЕСМ. Откако ЕВН се пожали дека има проблем со плаќањето на декемвриската и јануарската сметка за струјата што ја набавиле од државните електрани, Владата го задолжи ЕСМ да склучи Анекс договор според кој факрурите за 12 2021 и 01 2022 ќе доспеат до 1 јули годинава.
Дупката пак која ќе се јави во касата на ЕСМ заради неплаќањето на ЕВН, ќе ја затвори Владата., а за тоа беа одобрени над 47 милиони евра. Претходно ЕВН се пожали дека се наоѓаат на граница на ликвидност и дека трошоците им се поголеми од приходите кои ги остваруваат. Или како што велат од компанијата доведени се во ситуација да ги субвенционираат корисниците и со тоа креираат големи загуби.





