Бислимовски: Без паника, струјата нема да поскапи

Потребите за струја по регулирана цена за домаќинствата се обезбедени најмалку до Нова година, уверува првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика.



„Нема причина да се прави каква било паника. Граѓаните треба да бидат мирни бидејќи ‘А.Д. Електрани’ го покрива пазарот во целост и ги обезбедува потребните количини на електрична енергија. И тоа по 36 евра за мегават час во услови кога цената на светските берзи е 140 или 150 евра.

Обезбедени сме до Нова година, но и потоа, ќе имаме тендер и А.Д. ЕСМ повторно ќе има понуда и не мислам дека може да се очекуваат промени. Така што засега не гледам причини за корекции на цената на струјата која, да ве потсетам, се утврдува секогаш во јуни“, изјави за Дојче веле Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

За случувањата на светските берзи тој смета дека се резултат на повеќе фактори, меѓу кои и шпекулации кои влијаат и на домашниот пазар.

„Ова што се зголемуваат цените на берзите е на слободниот пазар. Во принцип никаде нема зголемување на трошоците на производство во Европа, ова е пред се шпекулативно направено“, вели Бислимовски.

Вчера претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во даматично соопштение предупреди на можен „струен удар“ кој ќе го предизвикаат големените цени нба електричната енергија.