Сафет Бишевац, пратеник на листата на СДСМ избран во 2011 година кој сега се најде на изборна листа на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека никогаш не бил пратеник на Социјалдемократскиот сојуз.
Тој за „Фактор“ вели дека генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, не ја зборува вистината ккога твртди дека Бишевац барал да биде пратеник од редовите на владеачката партија.
„Николовски не ја зборува вистината, бидејќи јас имав понуда да работам во Центарот за комуникации на СДСМ, иако ја одбив бидејќи имам сосема поинакви ставови и гледишта за начинот на нивното владеење.
Бишевац, од синоќа е во центарот на вниманието на социјалните мрежи како лице кое го смени „партискиот дрес“, наспроти Панчо Минов и Зекир Рамчиловиќ кои се приклучија кон сега владејачката партија,.
За понудата од СДСМ Бишевац вели: „Тој и Кирацовски ми нудеа да работам во Центрот за комуникации на СДСМ, но не прифатив. Имав средба со Мицковски на кафе пред три месеци за состојбата во државава. Отидовме на прослава на Ден на бошњаците заедно и тогаш ме праша дали можам да помогнам во изградба на нормална европска држава. Така и почна соработката’- вели Бишевац.





