Бишевац: „Нема нешто што Заев кажал и го исполнил“

Поранешниот пратеник и новинар Сафет Бишевац во гостувањето на ТВ 24 оцени дека недовербата кон Зоран Заев е оправдана.



„Нема нешто што Заев кажал и го исполнил. Тој континуирано лаже, се колнеше, а продаде се’ почнувајќи од Договорот со Преспа. Еве нели сме членка на НАТО и ќе доаѓаа инвестиции, нема ништо. Ние сме целосно на дното. Заев се покажа само како извршител на влијателните земји“, рече Бишевац.

„Ова што сега се случува е далеку од тоа што Заев го ветуваше пред да дојде на власт“, вели Бишевац.

„Заев ветуваше правда и мир, а нема ништо , втората работа е велеше дека ќе има инвестиции овде нема ништо никакви инвестиции. Ова е пропадната држава од сите аспекти, нема посочи, лични карти, регистарски таблички“, рече Бишевац.