„Македонија ќе има голем проблем со Бугарија, оние кои слепо му веруваа на Заев дека по Преспанскиот договор се покажа дека Македонија ќе има сериозни пречки пред себе и во иднина“, вели новинарот и поранешен пратеник Сафет Бишевац за ТВ24.
Да не се забораваат тезите од скандалозното интервју на Заев кое се граничи со неверување, тврдења и позиции кои пред се имаат цел да им се додвори на бугарските власти.
Сега засега е само партиска позиција затоа што Заев не успеа тие ставови не ги усогласи со опозицијата. Поголемиот дел од тие работи најдоа плодно тло кај бугарската јавност. Позицијата на Заев и начинот на кој се обиде да избоксува во оваа ситуација, се виде дека јавноста не го прифаќа тоа. Нашата позиција во моментов не е подобра за разлика од тогаш кога го добивме ветото на министерско ниво“ – оцени Бишевац..






