Мзакедонците во Австралија, посебно навивачите на Престон лајонс, минатиов викенд имаа причини за славење благодарејќи на фудбалерите на истоимениот клуб, кој славеше со 2:1 над Мелбурн Сити на стартот од Премиер лигата на австралиската држава Викторија, второ натпреварување по ранг на петтиот континент.



Клубот некогаш познат како Престон Македонија, основан во 1947 година и најпопуларен кај македонската заедница во Австралија, победи по пресврт, откако гостите поведоа во првиот дел, а победоносниот гол го постигна Скијаво во 94. минута!

Погодокот вреден триумф падна додека навивачите на „црвено-жолтите“ ја пееја „Бисер балкански“, по што завладеа лудило на трибините на стадионот на „лавовите“:

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Flavovimelbourne%2Fvideos%2F450830972851973%2F&show_text=false&width=560

Најинтересните моменти на средбата на следниот линк:

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fprestonlionsfc%2Fvideos%2F150739516931563%2F&show_text=false&width=560