Опасната смрдеа што деновиве повремено се случува во скопската општина Аеродром на локацијата позната како Тобако 2 е предизвикана од инспектори на УЈП кои без да му најават на сопственикот на локалот го запечатиле заедно со огромни количини на храна.
Ова го тврди сопственикот на локалот кој немал можност да го премести месото, мајонезите и другата храна кои што скапувааат на температури од над 30 степени.
Во комуникацијата со expres.mk сопственикот на локалот вели дека ги предупредил инспекторите на УЈП дека е можна ваква разврска ако дуќанот се затвори без да се изнесе расипливата стока која не се чува соодветно на летните горештини, но тие не реагирале.
Во локалот според него има голема количина место месо, компири, мајонез, кечап и друга расиплива храна која 15 дена по блокадата од УЈП скапува без контрола и се заканува да предизвика опасност за околината.
На некои од производите рокот за употреба истекува за 3 дена.
Според одлуката на УЈП уште најмалку 5 дена сопственикот не смее да влезе во дуќанот кој во околината го нарекуваат “Биолошка бомба” поради страшната смрдеа што се појавува одвреме навреме во близина.




