Новата македонска амбасадорка во Австралија, Билјана Стефановска Сековска, утринава ги предаде акредитативите на генералниот гувернер на Австралија Дејвид Хрли.
Церемонијата на предавање на акредитативите помина со сите државни почести, објави Нова Македонија.
Стефановска Сековска е прва жена амбасадор во Австралија.







