Биљали: Ни во Африка не предлагаат премиер на етничка основа

Политичкиот аналитичар и професор Мерсел Биљали во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ проговори за последниот предлог на ДУИ за идниот премиер да биде Албанец.



„Барањето на ДУИ да се оди со предлог за премиер етнички Албанец и тоа да се постави како некаков услов на албанските политички фактори во Македонија е тема која не треба да се третира до крај.

Тоа е крајно несериозно и комплетно ниско. Надвор од секаква логика е и дури и за тие за кои тоа е наменето, со пократко познавање на состојбите. Дури и кај нив таа „стока“ не се продава повеќе. Луѓето размислуваат поинаку, сакаат подобар живот, нивните деца тука да останат, а не приказни премиерот дали ќе биде Македонец или Албанец.

Ни во Африка ни во Азија не постои политичка партија каде главна ориентација и е тоа. Што е суштината во тоа“, изјави Биљали.