Универзитетскиот професор Мерсел Биљали се сомнева дека некој во ЕУ ѝ дава поддршка на Бугарија да ја блокира Македонија:
„Не верувам дека бугарската страна во така тенка област како што се идентитетските прашања има сила самостојно да стави вето. Без оглед тоа што високите претставници на ЕУ не тапкаат по рамо, реално некој намигнува дека треба да се држи рампата спуштена.
Значи не е проблем само со Република Северна Македонија. Црна Гора 11 години преговара а помалку од 40% од работите се завршени. Романија и Бугарија пак преговараа 5 или 6 години, вели Биљали во „Утрински брифинг“.
„Мислам дека една од поголемите сили на ЕУ – иако декларативно се изјаснува за поддржување и на Македонија и на Албанија – го прави тоа“
Професорот и аналитичар вели дека „ако добро се изанализира, ЕУ не е подготвена во наредните 10 години ниедна држава да прима во своите редови“.






